Александар Темелков ниже победи со „Љубов моја“


Неодамна во Охрид се оддржа тамошниот фестивал „Канео фест“ под покровителство и организација на ТВ Морис.

На самиот фестивал беа забележани повеќе нови нумери меѓу кои се најде и онаа на атрактивниот натпреварувач во „Ѕвездите на Гранд“ Александар Темелков.

Песната е насловена „Љубов моја“ и делумен удел во текстот има токму самиот изведувач, додека аранжманот е дело на Славко Ристески и „Про-саунд“ студио од Прилеп, а музиката ја напиша Стојан Лазаревски.

Темелков на „Канео фест“ се здоби со титулата „Гран при“ и ја понесе наградата со која, како што кажува, е презадоволен.


Оставете коментар