Американски полицаец затрела жена само неколку секунди откако таа извика „бремена сум“ (ВИДЕО)

Американка е наводно убиена од страна на полиаец во Тексас и тоа само неколку моменти откако го предупредила дека е бремена.

Жената била на паркинг во близина на стамбена зграда, а снимките кои се појавија на социјалните мрежи покажуваат дека полицаецот ја следи, засега неидентификуваната жена на паркингот додека таа му вели дека ја малтретира.

Полицаецот потоа испалува тејзер пред таа да падне на земја.Тој стои над неа и се обидува да и ги врзе рацете, додека се слуша како вели„ бремена сум“ а потоа полицаецот пука во неа 5 пати.

Полицијата наводно тврди дека жената е убиена откако го грабналатејзерот и го вперила кон полицаецот.

Според „heavi.com“ полицискиот службеник е со 11 години стаж и патролирал на паркингот, па ја здогледал жената која и претходно е позната на полицијата поради криминални дела.

Полицаецот ја повикал и се обидел да ја уапси, по што следела тепача, па полицаецот решил да користи тејзер.

„Се чини дека полицаецот се обиде да и стави лисици, а таа му го одзема електричниот пиштол и го насочи кон него, поради што тој го извади пиштолот и пукаше“ пишува „heavi.com“.


Оставете коментар