Анастасија: Минатата година беше откритие на „Мак Фест“: За следниов период најавува две нови песни


Минатата година со „Ме научи да бидам своја“ дебитираше на сцената на „Мак фест“ и го освои високо 4-то место, а оваа песна на Иле Спасев и по цела година, остана како една од највртените и најслушаните хитови по македонските радио станици.

Анастасија Аврамовска, која неодамна го прослави својот 18-ти роденден, откако ги собра сите најпозитивни коментари од публиката и стручната јавност лани, за оваа година најавува уште две нови песни, едната со промоција на „Охрид фест“, додека втората повторно на „Мак фест“.

Во меѓувреме оваа наша талентирана девојка настапи и на музичкото шоу за таленти „Ѕвезда број 1“ во организација на фестивалот „Мел Фест“, каде го освои високото 3-то место, а од жирито во текот на сите гала вечери и на самото финале ги собра најубавите коментари.

– Од минатата година, уште со настапот на „Охрид фест“, а потоа и со „Мак Фест“ и успехот на песната од овој фестивал, која ден денес се врти по радио станиците, започнав да го живеам својот сон. Музиката е она што најмногу го сакам и затоа од срце им благодарам на сите луѓе кои ми ја даваат најголемата поддршка. Оваа година во последен момент решив да се пријавам и на шоуто за таленти „Ѕвезда број 1“, целта ми беше да чујам и мислење за моето пеење и однесувањето на сцената од страна на стручни музички лица како Елена Петреска, Александар Масевски, Тамара … Таму го освоив третото место. Следен предизвик ми се фестивалите „Охрид фест“ и „Мак фест“каде повторно настапувам оваа година, вели Анастасија.

За да го видите нејзиниот настап кликнете тука.


Оставете коментар