Банки местеле валути, направиле картели – сега ќе мора да платат казни од повеќе од милијарда евра

Антимонополските регулатори на Европската унија ги казниле денеска банките Барклиз, Ситигруп, ЈП Морган, МУФГ и Ројал банк оф Скотланд со вкупно 1,07 милијарди евра, поради манипулација и местење на 11 валути на девизниот пазар.

Швајцарската банка УБС е ослободена од казни од 285 милиони евра, идејќи ја предупредила Европската комисија на постоење на 2 картели, пренесува Ројтерс.

Агенцијата Блумберг наведува дека Ситигруп е казнета со 310,8 милиони евра. Ројал бенк оф Скотланд со 249,2 милиони евра, ЈП Морган Чејс со 228,8 милиони евра.

Барклиз ќе плати 210,3 милиони евра казна, а МУФГ околу 70 милиони евра.

Истражувачите како што соопшти ЕК, утврдиле дека поедини вработени во тие банки се задолжени за спот трговијата со 11 валути, односно разменувале информации и планови за тргување, пренесува агенцијата АП.

Тие, како што е соопштеное, понекогаш ги координирале своите стратегии преку онлајн професионални чет соби.

-Спот тргувањето на девизиниот пазар е едно од најголемите тргувања во светот, кое секој ден вреди милијарди евра – се наведува во денешното соопштение  европската комесарка за заштита на конкуренцијата, Маргарет Вестагер.


Оставете коментар