Божиновски од Ранковце: Граѓаните се иселуваат поради правната и економска несигурност (ВИДЕО)

Игор Божиновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска го преводеше тимот во Ранковце, каде разговараа со жителите на оваа општина, за актуелната политичка и економска состојба во државата.

-Но и да ги слушнеме нивните проблеми, да разбереме за нивната мака, во заеднички муабет да се обидеме да најдеме решенија за нивните проблеми. И да ветиме дека голем дел од нив ќе бидат инкорпорирани во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ за предвремените парламентарни избори на 12-ти април 2020 година. Овдека во Ранковце, како што можевме да слушнеме, а впрочем и во цела Македонија, со посебен акцент на Источна Македонија, најгорлив проблем е егзодусот на населението што се случува овие три години како е СДСМ на власт. Ова иселување што се случува во Република Македонија е од невидени размери, се иселуваат цели семејства дури и оние што се добро ситуирани. Се иселуваат поради правната и економска несигурност што им ја наметна оваа криминогена власт на СДСМ. Со длабока разочараност и со болка, овде жителите во Ранковце можевме да слушнеме дека речиси да нема млад човек што останал овдека во оваа општина. И тоа мора да запре, тоа мора да престане. И ние како нова Влада на Република Македонија што ќе ја преводи ВМРО-ДПМНЕ е после априлските избори се обврзуваме да преземеме енергични мерки, да преземеме политики со кои ќе креираме услови да ги задржиме нашите луѓе овдека блиску до своите огништа, вели тој.

Оставете коментар