Вака никогаш не смеете да одмрзнувате замрзнато пилешко месо

Најдобриот и најздравиот начин за да се подготви пилешкото месо е кога тоа е свежо, но поради секојдневните обврски често е невозможно. Но, барем треба правилно да се замрзне и да се одмрзне месото.

Пилешко месо замрзнува брзо, но му треба подолго време да се одмрзне.

Во случај кога треба да се подготви месото за кратко време, никогаш не го одмрзнувајте во топла вода, туку искористете ја микробрановата печка.

Ако имате малку повеќе време, одмрзнувањето направете го во обичен фрижидер. Но, тоа требада трае најмалку 24 часа.

Третиот начин е да го одмрзнувате во ладна вода, но треба да ја менувате водата на секои 30 минути.

Одмрзнувањето на собна температура или во топла вода е забрането, бидејќи месото ќе го изгуби својот квалитет. Тогаш ризикувате тоа да се зарази со штетни бактерии кои се размножуваат на повисока температура, особено во лето.

Кога ќе го замрзнувате вашето месо, поделете го во помали количини и делови, затоа што еднашодмрзнато месо никогаш не треба повторно да се замрзнува.


Оставете коментар