ВМРО-ДПМНЕ преку Советничката група ќе покрене иницијатива и ќе се обиде институционално да се решат проблемите на жителите на Пинтија

Со дел од Советниците остваривме средба со граѓаните на Пинтија. Загриженоста на граѓаните од испуштањето на отровната течност од Охис која предизвика ужасна миризба и печење во очите сеуште им предизвикува страв на граѓаните во оваа населба.

Добар дел од граѓаните кои имаа услови ги напуштија домовите и сеуште стравуваат дали да се вратат. Дополнително загадениот воздух, проблемите со инфраструктурата, немањето на фекална и атмосферска канализација, руинираниот кров во амбулантата беа само дел од проблемите за кои разговаравме а со кои проблеми секојдневно се соочуваат речиси 6.000 граѓани во Пинтија.

ВМРО-ДПМНЕ преку Советничката група во Општина Кисела Вода ќе покрене иницијатива и ќе се обиде институционално да се решат проблемите на жителите на Пинтија, напиша на својот Фејсбук профил Иван Живковски.

Оставете коментар