Внимавајте што постирате на Фејсбук – охриѓанец ќе одговара за банална работа

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 45-годишниот Р.Д. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Тој, на 04.04.2019 година на социјалната мрежа ,,Facebook”, преку неговиот профил ширел расистички и ксенофобичен пишан материјал со што промовирал и поттикнувал омраза, дискриминација или насилство, кон одредена група, претставници на една политичка партија.