Во Германија паѓал град со големина на јајце со две жолчки: Едно дете е тешко повредено (ВИДЕО)

Германската покраина Баварија, особено Минхен и околината, синоќа ги зафатило силно невреме кое предизвикало голема штета, а повеќе лица се повредени.

Во покраината паѓал град со големина на топче за голф, а ветрот корнел дрва. Градот искршил стакла на многу автомобили, прозорци од згради и предизвикал голема штета на фасадите на многу куќи.

Во Остајгој биле откорнати повеќе дрва, а едно дрво повредило седумгодишно дете и двајца мажи.

Локалните медиуми јавија дека велосипедисти застанале под откорнат дрво барајќи засолниште, кога врз нив паднало друго дрво.

Детето се здобило со тешки повреди, додека мажите се полесно повредени.