Во Македонија има 20.000 лица со деменција, а повеќе од половина предоцна се дијагностицираат

За жал, во Македонија кај повеќе од две третини од пациентите деменцијата се открива во среден или веќе напреднат стадиум. Првите симпоми се потешкотии со краткото помнење – старите доживувања и настани ги паметат, а што појадувале и со кого се сретнале вчера, незнаат да кажат, вели д-р Новотни.

Во Македонија има околу 20. 000 болни со Алцхајмерова деменција, според светската статистика. Од нив, само 20 отсто се дијагностицирани и лекувани, значи околу 4.000 лица, вели за Плусинфо д-р Габриела Новотни, невролог на Универзитетската клиника за неврологија во Скопје.

Најнови сознанија за оваа болест ќе бидат презентирани на Конгресот за деменции којшто почнува денеска во Охрид, а на кој со свои презентации учествуваат над 400 психијатри, невролози и невропсихолози од земјава (200) и од земјите од регионот, Евpопа и светот. Настанот е во организација Светската психијатриска асоцијација  (World Psychiatric Association-WPA) и Македонската психијатриска асоцијација и се  одржува до сабота.


Оставете коментар