Груевски за пописот: „Три пати мери еднаш сечи“

Поранешниот премиер Никола Груевски чија оставка денеска без голема дебата беше констатирана во Собранието, се огласи ја Фејсбук околу пописот.

– Принципот на ,,четири очи,, ,највисока досега транспаретност, инклузивност и технологија, стандардите на Еуростад и изреката ,,трипати мери еднаш сечи,, се најважните работи кои треба да се имаат на ум кога станува збор за спроведување на следниот попис во Македонија.

Државните пред партиските и личните интереси. Само чесен приод и чесни намери на сите учесници може да резултира со успех, но и силен надзор и контрола. Секое одбегнување надзор и контрола од организаторот ќе внесе сомнеж и недоверба уште во рана фаза. Само кристално ,,чист,, попис може да е успешен и признаен од сите.

Искуствата од минатото, од пред седум и пол години треба да се водилка кон одбегнување на истите проблеми, за проблемите да не се повторат. 
Луѓето го спроведуваат пописот. Нивниот интегритет, чесност и независност, пред се.

Заради уставните одредби кои произлегоа од охридскиот рамковен договор, во Македонија освен статистичка операција, има и сериозна политичка важност, напиша Груевски кој е во бегство во Будимпешта.