Груевски уште некој ден ќе биде пратеник, Богоевски не закажа седница за понеделник

Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од Богоевски по  скандалот со неговата наводна набавка на кокаин или масло од канабис за медицински цели.

Претседател на собраниската Комисија за мандатно имунитетни работи, Павле Богоевски ја закажал па ја одложил седницата на комисијата на која треба да се расправа за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски.

Богоевски предност им дал на работата на  другите собраниски комисии пред да ја закаже седницата на Комисија за мандатно имунитетни работи.

На пратеникот Никола Груевски, по шестмесечното неоправдано отсуство, му следува разрешување.

Според Деловникот рокот за одржување на седницата на комисијата истекува првите денови од јуни.

Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од Богоевски по  скандалот со неговата наводна набавка на кокаин или масло од канабис за медицински цели.



Loading..