Драматично спасување на туристка на Крит: Ветрот ја однел среде море (ВИДЕО)

Видеото кое се појави на социјалните мрежи го прикажува моментот на спасување на туристката која силните струи ја однеле во морето.

Инцидентот се случил на плажата Клотзани во гратчето Мали во петокот, каде што една жена едвај се изборила со јужниот ветер кој од пред две недели веќе дува во Грција и кој ја однел далеку среде море. Среќа во несреќа е тоа што жената имала душек.

Ветрот ја одвлекол на отворено море, а во еден момент животот ѝ бил во опасност. Спасителка на скутер набрзо пристигнала до неа и ѝ помогнала да стаса до копното.

Инцидентот бил забележан од една јахта која била во близина.
Инаку, ова не е прв таков случај на Крит. Како што локалните власти наведуваат, вакви случаи има стотици годишно, а најдраматичното се случило минатото лето во Ретимна, кога една Русинка поминала дури 20 часа во вода.

Жената била пронајдена во исцрпувачка состојба и агонија дали некој ќе ја забележи. Таа поминала 20 часа во вода, лежејќи на душекот, а освен хипотермијата била во добра здравствена состојба.

Loading..