Европа на нозе: Високите температури убија 10 лица (ВИДЕО)


Најмалку седум лица починаа за време на викендов во Европа од последица на високи температури, а во Франција и Шпанија беснеат шумски пожари кои уништиле голема површина на земјиште.

За време на викендот настрадале две лица во Франција, две во Шпанија и три во Италија,

Сахарскиот бран кој погоди делови од Европа кон почетокот на неделата, однесе три животи во Франција, каде вкупниот број на жртви се зголеми на 10.

Во Франција забележани се температури од 45,9 степени, а искри предизвикале пожар кој изгорел 550 хектари земјиште и уништил неколку куќи и автомобили.

Експертите предупредуваат во екстремно високи температури да се разладуваат просториите, да се избегнуваат физички активности, да се пијат течности, да се избегнува престој на отворено во најтоплиот дел од денот.