„Животот е циркуз“ и „Energy band“ на 13.12.2019 ветуваат журка за паметење

„Животот е циркуз“, кој е лоциран во скопската населба Илинден, и кој е веќе одамна омилен кај оние кои обожуваат префинетост, квалитетна музика со звучни имиња, и врвна услуга, ветува одлична забава со омилениот Ѓоко Јовиќ и со останатите момци од „Energy band“.

Журката е закажана за 13.12.2019, а ќе се одвива во две етапи, така што, првата, односно „After party“ журката ќе започне во 17:00 часот, а ноќната е закажана за околу 22:00 часот.

Покрај многубројните настапи ширум Македонија, но и надвор од нашите граници, Ѓоко Јовиќ и „Energy band“ сепак издвоија термини за да пеат пред овдешната публика и да ги забавуваат до раните утрински часови, а неминовно е дека публиката знае заедно со нив во еден глас да ги испее најголемите балкански хитови.

Кој претходно го посетил „Животот е циркуз“, тој веќе знае дека навистина е така и дека животот нема реприза, а журките кои ветуваат, во Македонија се случуваат не баш така често.

Затоа, но и поради огромниот интерес, предновогодишниот хепенинг закажете го токму за 13.12.2019 во „Животот е циркуз“ навремено, а тимот на локалот Ви стои на располагање со врвни понуди и услуга.

Оставете коментар