Заев: Патот по кој чекори „Нашата земја“ е патот на праведност и фер шанса за сите

Зоран Заев денеска со свое воведно обраќање го означи отворањето на состанокот на Холандската Конституенца чијашто членка е и нашата земја во рамки на годишните средби кои оваа година се случуваат во Скопје, Република Македонија.

Во продолжение ви го пренесуваме во целост обраќањето на Премиерот Заев.

„На самиот почеток дозволете ми да изразам големо задоволство што после цели 16 години нашата земја, Република Северна Македонија е домаќин и организатор на годишните средби на Холандската Конституенца на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светска банка.

На гостите од земјите членки на Конститунцата сакам да им посакам топло добредојде во нашата земја, Република Северна Македонија.

Ние како земја организатор имаме уникатна прилика да бидеме домаќин на ваков настан од високо експертско ниво.Од големо значење е да ги слушнеме врвните светски експерти од областа на економијата и финансискиот сектор кои ќе дебатираат на една исклучително важна тема која го засега светот и нас како земји членки на холандската Конституенца „Како до поправеден систем за сите“

Република Северна Македонија е земја членка на Холандската Конституенца на СБ и ММФ покрај 14 други земји, Ерменија, Белгија, Холандија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грузија, Израел, Кипар, Молдавија, Романија, Украина, Холандија, Хрватска и  Црна Гора.

Годишните состаноци на Конституенцата се одлична прилика да ги зајакнеме нашите врски и релации на економска соработка и уште посилно да градиме мостови на пријателства.


Оставете коментар