Заев се пофали за одморот: Бев надвор од државата со моите другари

Зоран Заев денеска се врати на работа во Владата откако претходно користеше три дена одмор. Тој рече дека, сепак, на одморот размислувал за тоа што следува.

– Овој период од овие три неработни дена бев приватно надвор од државата со моите другари за моја лична потреба каде што имав доволно време да размислувам за тоа што следува како мои одлуки – рече Заев.

Поради одморот, премиерот изминативе денови беше критикуван и зошто не бил на инаугурацијата на новиот претседател Стево Пендаровски.


Оставете коментар