Капучино 6 евра, хамбургер дури 22 – во оваа балканска земја е поскапо и од Мајорка

Хрватски град на Јадранот оваа година е поскап од Мајорка.

Хрватска ја дели судбината на повеќето медитерански земји кои се борат со пад на побарувачката во однос на минатата година и поради тоа се спуштаат цените дури и до 20 отсто, па поскапување во Задар од 12,7 отсто и тоа како боде очи.

Седумдневен одмор во Задар е поскап отколку во Пафос на Кипар, Мармарис во Турција, Мајорка и Коста дел Сол во Шпанија, како и во бугарското одмаралиште Сани бич, покажало истражувањето кое го направило британскиот таблоид „Сан“.

Хрватски „Вечерен весник“ кој се занимавал со темата на истражување на британскиот таблод, наведува дека во Хрватска може да се летува за помалку од 3 500 евра , односно колку што „Сан“ проценил дека чини седумдневно летување во Хрватска.

Покрај тоа, хрватскиот весник истакнува дека цените се посебна приказна и речиси дека нема никој кој не летувал на хрватските брегови, а дома да не се вратил со чувство дека нешто некаде платил премногу.

Капучино од шест евра, килограм грозје за 10, хамбургер за 22, сендвич од 13,5 евра се само некои од „подивените“ летни цени на Јадранот, пишува хрватскиот „Вечерен весник“.

Надуваните цени, оценил „Сан“ се дел од јадранскиот фолклор, но за директорот на Хрватската организација на туризам Вељко Остоиќ вистината сепак има повеќе лица.

-Секое споредување со конкуренцијата е добро за да ни го покаже контекстот на пазарот на кој сите заедно работиме. Иако ние не би требало да се бориме со конкуренцијата на цените, туку со квалитетот, кој дозволува нешто повисоки цени, не смееме себе си да си дозволиме прецеппцијата на Хрватска да биде дека сме прескапи.


Оставете коментар