Катица Јанева и викендов останува во болница

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева третоосомничена за случајот „Рекет“ се уште се наоѓа на болничко лекување, а таму најверојатно ќе остане се до понеделник, вели адвокатката Ирена Фрчкоска за „Фокус“.

Јанева веќе три дена е на лекување во приватната болница „Филип Втори“, бидејќи во истражниот затвор „Скопје“ се пожалила на висок крвен притисок и општа анксиозност. Првичните анализи покажувале на прединфарктна состојба.

Loading..