„Куку леле“ & Панки во „Животот е циркуз“: Бидете присутни за да не ви раскажуваат

Предновогодишните забави веќе се пристигнати на голема врата, атмосферата се вжештува постојано, а новата година само што не пристигнала.

Некој ќе рече, животот е циркуз, но друг ќе додаде дека животот е музика, а кога сето тоа ќе се спои со легендарната Македонска група „Куку леле“, заедно со Панки, тука веќе настанува нешто навистина вредно за Вашето присуство, и нешто што долго ќе се памети по прекрасните песни и моменти.

На 07.12.2019 во скопската населба Илинден, поточно во клубот „Животот е циркуз“, со почеток од 22:00 часот ќе настапат момците од „Куку леле“, за кои заинтересираноста вртоглаво расте.

По бурните моменти од животот, Панки и се враќа на верната публика, но и на својата прва љубов, на музиката.

Покрај успешниот тим и топлото гостопримство, вечерта ќе биде збогатена со примамливи понуди на пијалоци, меѓу кои ќе има и промоција на „Циркуз“ вино, на „Перони“ пиво и „Sky“ вотка.

Ваше е само да му се препуштите на мигот и да им ја пружите довербата на дечките од бендот, а познавајќи ги низ годините, тие ќе Ви овозможат ноќ која долго ќе ја паметите.

За повеќе детали околу промоциите и Вашата резервација обратете се на тимот од клубот на официјалната страница на Фејсбук.

Оставете коментар