Луна зборуваше за сексот, Џогани и се развика: „Запамети дека не се зборува за се во јавност“

Учесниците во „Задруга“ неодамна изнесуваа детали од интимниот живот во јавност, а луна доби прашање: „Кој изговор најчесто ко користи за да избегне секс“, при што таа призна дека никогаш не вели „НЕ“.

-Искрено, тоа скоро никогаш не се случува. Секогаш кога сум со партнер кој ми се допаѓа јас имам потреба од секс. Така што, никогаш не ми се случува да го одбијам. За мене е ненормално мојот дечко да не ме привлекува. Едноставно, веднаш би го оставила, рече Луна.

Нејзиниот татко, познатиот денсер Гаги Џогани за тамошен медиум изјави дека не му е пријатно кога ќерка му зборува за интимата.

-Тоа е Луна, таа е таква. Ми пречи кога зборува такви работи, треба интимата да ја сочува за себе. Марко и го свртува вниманието, но не помага – премногу зборува за сексот. Веројатно со време ќе сфати дека не треба се да изнесува во јавност. Треба да поведе сметка за тоа. Многу пати и имам кажано дека не смее да зборува за се и сешто, но не вреди, тоа е Луна и таа е таква. Многу е емотивна, истакна Џогани.

Луна и Марко повеќе пати раскинуваа и се смируваа, но моментално во нивната врска навистина цветаат рози.

Гаги и понатака ја поддржува и истакнува дека би сакал да види успех во врската со Марко, бидејќи од него има многу да научи.


Оставете коментар