Масовни одрони од карпи го блокираа патот – возете внимателно од Дебар кон Маврово и кон Струга

Ветерот и обилните и интензвни врнежи присутни изминатите денови во поширокиот дебарски регион, предизвикаа помали, но чести одрони од камен на патните правци од Дебар кон Маврово и кон Струга.

Поради тоа постојано се на терен екипи на дебарската секција на „Македонија пат“ под чија надежност се патните правци кон Маврово односно делница Дебар-Жровнца, кон Струга или делница Дебар-Глобочица, патот Мелнички Мост – Центар Жупа, кон граничнот премин „Блато“, како и кракот од Бошков Мост кон селата од Мала Река.

– На патните прваци кои се под наша надлежност има појава на помали но ест одрони од камен,посебно на делницата Дебар-Жировница и ДебарГлобочица. Наши екипи се постојано на терен и редовно ги отстрануваат од коловозот,со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, вели Деар Лиманоски, раководител на секцијата.

Тој апелира на голема внимателост при движење на споменатите патни правци и делници,прилагодување на брзината според условите на патот и строго почитување на патната сигнализација.


Оставете коментар