Мајка ги оставила децата неколку минути сами – ова се случило кога се вратила (ВИДЕО)

Стефи Ли, медицинска сестра од Тексас, на својот инстаграм-профил објавила снимка од своите деца, синот Теди и ќерката Елоиз на кои косата им била избричена. Теди со машинката направил дупка на главата, а ништо подобро не поминала ниту неговата помала сестра. На двајцата им недостасувал поголем дел од косата на главата.

Малиот Теди успеал да ја земе електричната машинка за бричење на неговата мајка, додека таа не гледала. На почетокот Стефи вели дека плачела кога ги видела нејзините деца со новите фризури, но на крајот од денот признала дека ѝ доаѓале моменти на смеа.

„Во ред е, тоа е само коса. Ќе ви порасне нова. Мама не се лути. А зошто му дозволи на брат ти да те истриже?“, ја праша Стефи својата ќерка, на која воопшто не ѝ се допаднала новата фризура.

„Изгледам како машко. Можеш ли да ја ставиш твојата коса на мојата глава“, ја прашала Елоиз својата мајка.


Оставете коментар