Минута турирање, болка, солзи и црни ленти: Колегите на починатиот Александар со последен поздрав по трагедијата (ВИДЕО)

Денеска во Кичево најискрено и длабоко сочуство кон најблиските, изразија сите учесници возачи на Кичево Круг со едноминутен молк на местото каде вчера нивниот драг пријател и колега Александар Кочeвски трагично го загуби својот живот.

-Пријателе, секогаш ќе останеш во нашите срца. Искрено сочуство до семејството и најблиските, порачаа тие.

Со голема болка во срцето, солзи во очите и црни ленти на своите автомобили, колегите на прерано загинатиот Александар со минута турирање му дадоа поледна почит.

Loading..