Мицкоски: Филозофијата на Заев „кажувам“, „заборавам“, „негирам“ мора де се порази

Оваа власт единствена трговија која ја имаат направено е онаа со најмилото, со она што пече, што боли, а тоа е нашиот со векови создаван идентитет. Тука погрешија го потценија својот народ, тука ја направија најголемата грешка мислеа дека народот е како нив, овој народ колку и да го кошкаш е како Пиреј и еден да остане ќе ви врати за сета оваа неправда која вие му ја нанесовте, ова синоќа на централниот митинг во Делчево го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Ова не го зборувам само затоа што постојат предрасуди за нас политичарите, туку ова боли и пече, поминавме илјадници километри во Македонија, разговаравме со илјадници наши сограѓани и сите тие се обединети околу маката која денеска е секојдневие во Македонија. Нема ништо од оние големи ветувања и очекувања дека животот ќе дошол во Македонија, тој дојде само за неколку семејства во Македонија. Неправда е кога вие како опозиционер ќе шетате по плоштадите и ќе им ветувате на луѓето дека ќе имаат загарантиран откуп на земјоделците, поголеми субвенции, помош, а денес кога сте власт оние во Ресен ги сечат дрвата затоа што 1 килограм јаболка е 1 денар, тука во Малешевијата се фрлаа сливите бидејќи немаше кој да ги откупи исто е секаде бидејќи овие политички измамници имаат една единствена цел да лажат, потенцира Мицкоски.

Тој од Делчево истакна дека мора да се порази филозофијата на Заевизмот кажувам, заборавам, негирам која мора де се порази на 5 мај.


Оставете коментар