Млад жител од Љуботен осомничен за избегнување акциза за тутун


Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично дело – Избегнување на плаќање акциза од чл.279-б ст.1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 20-годишен жител на Љуботен, со намера да избегне целосно плаќање на акцизата на која е обврзан со Законот за акцизи, на 01.07.2019 година од непознато лице набавил акцизни тутунски добра без контролни маркици. Со намера да го продава тутунот на зелениот пазар Бит Пазар, го натоварил во патничко моторно возило Фолксваген голф. При обидот да го превезе тутунот, осомничениот бил сопрен од  страна на полициски службеници. При контрола на возилото биле пронајдени 100 кутии од по 600 грама тутун со натпис на кутиите “GREECE SUPER KAMELIA VIRGINIA” и 100 кутии од по 600 грама тутун со натпис на кутиите “GREECE TOBACCO VIRGINIA” или вкупно 120 килограми фино сецкан тутун. За овие тутунски добра осомничениот избегнал и не платил акциза во вкупен износ од 162.000 денари.

Заради обезбедување на осомничениот во текот на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд – Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиште, обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница.


Оставете коментар