Нарушувањето на сексуалната функција може да биде резултат од простатитис

Простатитисот е воспаление на простатата кое ги засега околу 25% од мажите. Секоја година нивниот број се зголемува, а позасегнати стануваат младите мажи. Д-р Димитар Блажев, уролог во познатиот медицински центар Он клиник – Бугарија, отворено споделува за машките уролошки проблеми:

Кои се причинителите на хроничниот простатитис?
Причината за болеста во повеќето случаи се патогените микроорганизми. Заболувањето, дополнето од скриени инфекции, може да предизвика: нарушување на циркулацијата на крвта во органите на малата карлица, хипотермијата, стресот, неподвижниот начин на живот, настинки, влошување на имунитетот, нередовен сексуален живот, хормонален дисбаланс. Простатитисот влијае сериозно на половата функција кај мажот. При заболените од простатитис се забележува ослабена сексуална желба, предевремена ејакулација, влошување на квалитетот и времетраењето на ерекцијата, како и други нарушувања на потентноста. Овие симптоми се повод за детална консултација со стручен специјалист-уролог на ОН КЛИНИК.

Какви се симптомите на простатитис?
Најчесто се забележува болка во гениталиите, болка при уринирање, ослабен млаз за време на уринирање, чувство на нецелосно празнење на мочниот меур, понекогаш зголемена телесна температура и слабост, болна ејакулација, крв во спермата. Но, често заболувањето е тајно и се открива по лабораториски испитувања.

Има ли поврзаност меѓу простатитисот, зголемувањето на простатата и еректилните дисфункции? Дали зголемената простата им влијае на сексуалните функции на мажот?

Со зголемување на возрaста се зголемува и простатната жлезда. Кај повеќето мажи над 60 години се забележува бенигна простатна хиперплазија. Кај оваа состојба простатната жлезда е зголемена и тоа води до притисок на уретерот. Се појавуваат поплаки како: отежнето мокрење, слаб млаз, прекинувања на млазот, зачестено ноќно мокрење и др. Освен тоа бенигната простатна хиперплазија, како и некои од методите за нејзиното лекување доведуваат до непосакувани странични ефекти врз сексуалниот живот и функција.

Што се случува доколку не се лекува простатитисот?

Долгорочното отсуство на лекување доведува до тешки последици: промени во ткивата на простатата со загуба на функцијата, воспаление во околните органи, прекинување на млазот при мокрење, појава на камења во жлездата, сексуална дисфункција и стерилитет. Хроничниот простатитис може да доведе до склероза на простатата и сериозно да го влоши квалитетот на живот на мажот. Освен тоа – влошена работоспособност, раздразливост, нервози, депресија. Да се дијагностицира простатитисот е тешко бидејќи симптомите се слични со тие на други заболувања. Затоа уште при првите сомневања е важно да посетите квалифициран уролог кој веднаш ќе го утврди проблемот.

Успешни практики на лечење во Он клиник

Воспалението на простатата има потрeба од комплексна терапија која се спроведува индивидуално, бидејќи и причините за самото заболување се многу различни. Во зависност од типот на простатитис, степенот на развој, целосната здравствена состојба на пациентот, лекувањето може да вклучува различни комбинации од методи, вклучувајќи го курсот на шоково-бранова терапија – импулсна терапија од највисока класа за лекување и профилактика. Тоа е метода на влијание која ги нормализира функциите на организмот, го забрзува процесот на оздравување преку стимулација на кожата и ткивата, ги тонизира мускулните и нервните завршетоци. Преку редовно применување на оваа терапија успешно се постигнува регенерација на снабдувањео со крв на половите органи.


Оставете коментар