Никовски за Богоевски: Година дена ме испитуваа кога конкурирав за работа, да се воведе тоа

Поранешниот амбасадор, Ристо Никовски во дебатната емисија „Само вистина“ на Канал 5, говореше за случајот на пратеникот Павле Богоевски. Како што истакна, тој во своите почетоци, бил долго време испитуван.

– „Не може човек да биде избран на ниту една висока функција во ниту една развиена земја, без да се провери неговото минато. Тоа е пракса која се прави во една нормално организирана држава. Кога јас кога конкурирав во Сојузното министерство за надворешни работи на поранешна Југославија, година дена траеше испитувањето. На секој кандидат им се вршеа такви испитувања, каква му е позадината, фамилијата и поширокото семејство. Тоа е нешто нормално и треба да се спроведува и во Македонија“, истакна Никовски.