Нов гаф на Трамп: Принцот Чарлс го „претвори“ во принц на китовите

Американскиот претседател Доналд Трамп кој обожава да твитува, направи голема грешка поради која му се смее целата Твитер заедница, но и целиот свет.

Имено, Трамп објави дека имал средба со Чарлс, принцот од Велс, но додаде уште една буква, па испадна дека имал средба со принцот на китовите.

Тој наместо да напише дека имал средба со принцот на Велс (Wales), додаде една буква повеќе, и напиша дека се сретнал со принцот на китовите (Whales).

Иако Трамп веднаш реагираше и ја исправи грешката, сепак веќе беше предоцна затоа што на интернет со експресна брзина се проширија шегите на негова сметка.


Оставете коментар