Откриен и целосно разбиен бизнис со трговија со деца: Моќни луѓе зад решетки


Италијанската полиција уапсила 18 социјални работници, лекари и надлежни, меѓу кои и градоначалникот на градот Бибијана, Андреј Карлетиј во склоп на истрагата за ланецот на малтретирани деца во областа Реџо Емилија и Пијемонт, а која е водена под кодниот назив „Ангели и демони“.

Властите на Реџо Емилија, главниот град на истоимената покраина, велат дека заплениле часови и часови психијатриски третмани и електрошокови на кои подлегнувале децата, а чија цел било да им се искриви светот и даим се создадат лажни сеќавања дека се сексуално малтретирани од страна на родителите, јавува Анса.