Пендаровски: Ќе го потпишам законот за спречување дискриминација на хомосексуалците

Претседателот Стево Пендаровски кој во неделата седна во Вила Водно, се огласи на Фејсбук.

– Борбата за еднаквост на сите луѓе независно од нивната определба, вклучително и сексуалната ориентација и родовиот идентитет, ја сфаќам како мој политички императив, а не како наметната обврска или единствено како политичка коректност во јавните настапи. Целосно го поддржувам новиот Закон за спречување на дискриминацијата во којшто е вклучена и сексуалната ориентација и родовиот идентитет како едни од основите за дискриминација. Со задоволство ќе го потпишам Законот, штом ми биде доставен за прогласување и, и во иднина, ќе ги поддржувам сите законски решенија коишто се во корист на граѓаните, напиша тој.


Оставете коментар