Перкс: Само пет отсто од децата во сиромаштија добиваат финансиска поддршка

Втората клучна работа на која се посветени е запоставеноста и насилството врз децата што се врши во семејството и што да направта за алкохолизмот, душевните болести и сите трауматски состојби што постојат во семејството да се намалат.

Потребна е подобра дистрибуција на финансиската поддршка за децата кои живеат во сиромаштија, бидејќи во моментов неа ја добиваат само пет проценти од овие деца, вели Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија.

-Во сите делови од општеството семејството е навистина важно. Триесет проценти од децата во земјава живеат во детска сиромаштија и многу семјества се засегнати од ваквата детска сиромаштија. Меѓутоа, сепак, одредени семјства успеваат да обезбедат нормален живот и покрај таа сиромаштија и навистина се восхитуваме на нивната отпорност. Но би сакале да постигнеме подобра дистрибуција на финансиската поддршка за децата кои се засегнати од детска сиромаштија. Во моментов пет проценти добиваат такви средства, а ние би сакале тоа да го покачиме на бројка од 70-80 проценти – вели Перкс, кој денеска се обрати на одбележувањето на Меѓународниот ден на семејството на организиран од Институтот за семејни студии на Филозофскиот факултет при УКИМ.

Втората клучна работа на која се посветени е запоставеноста и насилството врз децата што се врши во семејството и што да направта за алкохолизмот, душевните болести и сите трауматски состојби што постојат во семејството да се намалат. Токму затоа, вели, една од реформските активности е поддршката на системот на патронажни сестри кои со своите посети ќе треба да им обебзедат помош и поддршка на децата кои се наоѓаат во системот на социјална заштита. Во фокусот на УНИЦЕФ, нагласува Перкс, е раното детство, односно да се заштитат децата во предшколска возраст, да се обебеди здравствена заштита како на пример од сипаниците, исто така и преку програми за предшколско образование.


Оставете коментар