Полицајци поминале цела ноќ со стар брачен пар за да го развеселат (ФОТО)

Четворица полицајци станале херои откако во јавност протече информација и фотографија од тоа што го направиле за еден постар брачен пар.

Имено италијанската полиција добила пријава од соседите дека постар брачен пар плаче и вика во текот на ноќта, а кога полицијата се појавила на спорната адреса ги затекнале 84- годишниот Јоле и неговата 94- годишна сопруга Мишела, пишуват локалните медиуми.

Старците биле осамени, немале деца, а дополнително ги растажиле и депресивните вести од насловните страни во весниците, како и преселбата на нивните најблиски соседи.

Полицајците им направиле вечера, шпагети со пармезан и со нив ја поминале целата вечер за да ги расположат.


Оставете коментар