По вчерашниот хаос во СЈО, денеска е прилично мирно во просториите

Во Специјалното Јавно Обвинителство од утринава било мирно откако вчера се создаде хаос кога специјалната обвинителка Катица Јанева, нареди претрес на сите кои влегуваат и излегуваат во зградата.

Бројот на обвинители кои се во СЈО е мал, бидејќи дел од нив се уште се на одмор, обвинителката Лиле Стефанова е на судење, а дел се оправдано отсутни, меѓу кои и обвинителката Фатиме Фетаи, јавува денеска Фокус. Фетаи вчера беше изреволтирана од тоа што требаше да биде претресена, па кажа дека ја опцула Јанева, ја барала но не ја нашла и дека таа не дозволила да се претресе зошто е обвинител, а не обвинета.

Денес во Обвинителството за организиран криминал и корупција за истрагата „Рекет“ треба да сведочи обвинителот Бурим Рустеми, а веќе свое сведочење дадоа обвинителките Елизабета Јосифовска и Лиле Стефанова, како и шефицата на кабинетот на јанева.

За потсетување, во бомбите на Ла Верита се слушна гласот на катица која му вели на Камчев се ќе биде добро, а потоа се правдаше дека го барала како сведок во предпостапка.

Оставете коментар