Први снимки од нападот во Германија: Маскиран маж излегува и пука

Германската полицијата потврди дека едно лице е приведено по пукањето во Хале во кое загинаа две лица, а неколку други се повредени. Граната била фрлена и на еврејските гробишта.

Тие не изнесуваат детали за уапсениот и за целта на нападот. Весниците „Билд“ и „Мителдојче цајтунг“ објавија дека пукањето се случило во близина на синагогата. Едно лице интервјуирано на телевизијата „НТВ“ изјави дека бил во продавница за донер кога видел маж со кацига и воена јакна, кој потоа испукал истрели во продавницата.

Подоцна и корисник на интернет објави фотографија од наводниот напаѓач со автоматско оружје во рацете и со воена јакна и шлем, подоцна и властите објавија снимка.

Loading..