„Пукаа“ емоции на сите страни: Погледнете го видеото од раѓањето на синот на Дарко Лазиќ

Дарко Лазиќ е пресреќен поради раѓањето на својот син Алексеј, па во негова чест веселбата во шаторот во Брестач траела до утринските часови.

Кумата Андреана Чекиќ не се одвојувала од пејачот, но ни од своето ново момче, инаку оженетиот Марко Милошевиќ.

Многу алкохол и помешани емоции, додека Марина е во болница со синчето, искинати маици и испочитувани сите обичаи во домот на Лазиќ.

Дарко од срце запеал на сопствената веселба, а тоа ги разгалило не само гостите, туку и сите кои со воодушевување ја дочекаа веста за раѓањето на синот на Лазиќ.

Меѓутоа, вистинска веселба се очекува за неколку дена, како што самиот пејач најави.

Видеото погледнете го тука.


Оставете коментар