Родители Албанци и деца од Идризово најавуваат штрајк со глад

Доколку општина Гази Баба не го прифати барањето на 11-тте родители Албанци сè додедека не заврши изградбата на новото училиште во Идризово, нивните деца 6-тото одделение да го започнат во училиштето „Његош“, тогаш тие ќе започнат штрајк со глад, пренесува „Алсат М“.

Родителите се повикуваат на одлуката на Владата во која се вели дека децата треба да го продолжат своето образование во училиштето што го сакаат и врз основа на тоа, родителите нема да прифатат друго привремено решение освен училиштето „Његош“.

Ние, родителите од Идризово, сме веќе уморни. Немаме друг избор. Денес бараме од Собранието, Владата и ОБСЕ, ги замолуваме, нашите деца да учат во училиштето Његош во Јурумлери. Ако не се реализира ова, ќе одиме на штрајк со глад заедно со децата – изјави Ризван Сефери, родител.

Loading..