Саксофонистот Ване му ја украде „Стојне мома“ на Ѓоко Јовиќ и направи чочек (ВИДЕО)

Во последните неколку месеци членот на „Енерџи бенд“ Ѓоко Јовиќ снимаше неколку нови песни, меѓу кои и „Стојне мома на чорбаџи Стојана“.

Во спотот беа опфатени и познати глумци од проектот „Македонски народни приказни“, меѓу кои Шенка Колозова и Владо Дојчиноски, па публиката лесно ја запамети песната.

Автор на музиката зад оригиналната верзија се потпишува самиот Ѓоко Јовиќ, додека пак, текстот го напиша Александар Стевановски, а спотот беше сниман со „Ин“ продукција од Охрид за австралискиот пазар.

Ване ја преработил и додал дел од друга позната песна, а сето тоа го запишал на носач на звук и го насловил „Срцето на Баница“.

Веќе неколку дена познавачи на музиката и на самата песна му укажуваат на Ване за нелегалното присвојување на музичкото дело, но тој постојано ги брише таквите коментари.

Слушнете ги двете верзии, па проценете сами:

Оригинална верзија во изведба на Ѓоко Јовиќ

Allegro band novvooooo…

Gepostet von Ace Gocev am Freitag, 7. Juni 2019
„Позајмена“ верзија во изведба на Ване