Сопругата на најмоќниот човек во Дубаи не е видена од февруари: Причината ќе ве шокира


Сопругата на владетелот на Дубаи, шеикот Мухамед бин Рашид ел Мактума го напуштила и заминала од Обединетите Арапски Емирати, а со себе ги земала и децата и му земала над 56 милиони долари за да започне нов живот.

45-годишната принцеза Хаја, односно Харарит нит Хусеин која не беше видена од февруари оваа година, според штекулациите, избегала во Германија со синот и ќерката. Како што пренесуват медиумите, таа веднаш побарала азил во оваа земја и побрала барање за развод од сопругот.

Тоа предизвикало криза во дипломатските односи на Германија и Арапските Емирати, а се пишува и дека шеикот бара од официјален Берлин да ја испорача принцезата, како и децата. Сепак како што пишуваат медиумите, германските власти тоа го одбиле.

Принцезата Хаја ја избрала Германија за емиграција затоа што наводно нема доверба во властите на Велика Британија.

Инаку медиумите пишуваат дека е чудно што шеикот, кој е страствен љубител на тркачки коњи, по првпат во 28 години не го посетила познатото дерби на хиподромот Епсон Даунс.

Да потсетиме, минатата година, ќерката на владетелот на Дубаи, Латифа Мухамед ал Мактум изчезна во Индија откако си го организираше бегството од Обединетите Арапски Емирати. Таа не е единствена, тврдела дека и нејзината сестра, за време на патувањето во Британија, се обидела да избега, но била фатена два месеци подоцна и вратена назад во Емиратите каде била затворена и дрогирана за да не прави повеќе проблеми.


Оставете коментар