Стружанец со остар предмет повредил 18-годишно момче

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против В.И.(39) од село Франгово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

„На 27.09.2019 во с.Франгово, по претходна расправија, пријавениот со остар предмет го нападнал Е.К.(18) од село Франгово и му нанел телесни повреди“ стои во извештај од полицијата.

Loading..