Тамара загина во несреќа кај Лазаревац, очевидците запрепастени: „Вакво нешто немамe видено“

21-годишната Тамара Стојановиќ настрада во тешка сообраќајна несреќа во неделата која се случи во Трбушница кај Лазаревац, Србија.

Со неа во авомобилот била и нејзината другарка Јелена М., која е повредена. Во моментот на несреќатата Тамара го возела автомобилот кој се превртел на кров, излетал во нива и удрил во бетонска бандера.

Очевидци за Курир.рс велат дека девојката не возела брзо и објаснуваат како се случила трагедијата.

-Не се движеше многу брзо со својата „корса“, не повќе од 50 километри на час. Зад неа имаше џип и патниците од тој автомобил тоа го сведочеа. Веројатно гумите фатиле камења покрај патот. Се преврте на кров, автомобилот излизга и удри во бетонски столб кој е преполовен. Иако не возеше брзо, предниот дел од автомобилот е уништен. Кога пријдов видов девојка со крвава глава, мислам дека уште беше жива, но повредата беше ужасна. Другата девојка излезе од автомобилот, некога жена ја однесе до дома да се измие. Итната помош стигна за 15. минути. Автомобилот беше толку уништен што не можевме да дојдеме до девојката – раскажал очевидецот.

Од друга страна пак, Драган Скерлиќ, сопственик на влечна служба, кој исто така бил на местото на настанот, вели дека досега немал видено вакво нешто во животот. Тој додава дека ова е судбина и дека е неверојатен сплет на околности.

-Таа се превртела на кров во нива од некои осумдесеттина хектари и удрила во бетонска бандера која е преполовена. Потоа автомобилот се исправил после ударот. Не сум видел досега ваков случај, иако долго се занимавам со оваа работа. Се што можело да тргне наопаку, тргнало – раскажал Скерлиќ.

Loading..