Терористот од Нов Зеланд се изјасни невин

Австралиецот Брентон Тарант, кој е обвинет за убиство на 51 лице при нападите врз две џамии во новозеландскиот град Крајстчрч во март годинава, денеска пред судот  се изјасни за невин по сите точки од обвинителниот акт.

Тарант, кој со судот во Крајстчрч комуницираше преку видео линк, за секоја од точките од обвинението се изјаснуваше преку неговите адвокати.

Следното рочиште против Тарант е закажено за 16 август, до кога и му е продолжен притворот.

Тарант ги изврши нападот на 15 март кога со полуавтоматско оружје пукаше врз муслиманските верници кои се молеа во две џамии во Крајстчрч. Целиот напад тој директно го премесуваше на фејсбук.


Оставете коментар