Цеца пееше на роденденот на Врањеш – Карлеуша збесна (ВИДЕО)

Само што пристигнала на прославата, Светлана Цеца Ражнатовиќ ги развеселила гостите кои присуствувале на роденденот на фудбалерот Огњен Врањеш.

Тој веднаш седнал во првиот ред и уживал во музиката, а таа се појавила во долг фустан и го извела својот хит „Ваздух који дишем“, додека гостите го скандирале нејзиното име.

„Јас сакам да му го честитам роденденот на домаќинот, како и на неговото девојче, да ни се здрави и живи 100 години и секако најсреќни на светот! Живели!“, рекла Цеца и продолжила да ги пее своите песни.

Видеото можете да го погледнете тука.

Оставете коментар