Европската унија донела одлука да ја стави Македонија на листата на безбедни земји за слободно патување, пишуваат европските медиуми.
Владите на земјите членки на ЕУ постигнале договор на листата на безбедни земји покрај Македонија да бидат ставени и Албанија, Србија, САД, Саудиска Арабија, Тајван, Либан и Хонг Конг.
Со оваа одлука ќе биде дозволиено туристички патувања од Македонија во земјите членки на ЕУ. Сепак, и покрај одлуката, некои земји на ЕУ сè уште имаат право да побараат негативен „PCR“ тест или престој во карантин, сè додека трае пандемијата на коронавирус.