петок, август 6, 2021
HomeСпортФФМ објави важна информација за македонските навивачи во Букурешт

ФФМ објави важна информација за македонските навивачи во Букурешт

Фудбалската федерација на Македонија објави нова информација за навивачите на македонската репрезентација.

-Апелираме до сите навивачи и поддржувачи на македонската репрезентација кои имаат влезница за утрешниот натпревар со Украина на Националната арена во Букурешт, доколку се во можност, денеска да обезбедат алка за негативен Ковид-19 тест (задолжителна за влез на стадионот), од причина што организаторите на натпреварот очекуваат голем број навивачи на двете репрезентации да пристигнат во Букурешт во текот на утрешниот ден, велат од ФФМ.

Македонија утре со почеток во 15 часот ќе го одигра вториот натпревар на Европското првенство против селекцијата на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најново

Најчитано

Дневно