петок, август 6, 2021
HomeСветГамалеја: Спутник V е најефикасна против индискиот сој на Ковид 19

Гамалеја: Спутник V е најефикасна против индискиот сој на Ковид 19

Спутник V e поефикасна против Делта сојот на коронавирусот откриен во Индија, отколку другите вакцини кои објавиле податоци за тој сој. Оваа информација ја соопшти производителот на руската вакцина Спутник на официјалниот твитер профил, а повикувајќи се на истражување спроведено од истражувачкиот центар Гамалеја“.

Вакцината „Спутник V“ е произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“ во соработка со рускиот фонд за директни инвестиции.

Ефикасноста на вакцината е 97,6 проценти, врз основа на анализата на податоците за 3,8 милиони вакцинирани руски граѓани, што е повеќе од податоците што претходно ги објави медицинското списание „Лансет“ (91,6 проценти).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најново

Најчитано

Дневно