Home Актуелно Македонија денеска го игра своето финале: Против Украина на се’ или ништо

Македонија денеска го игра своето финале: Против Украина на се’ или ништо

0
Македонија денеска го игра своето финале: Против Украина на се’ или ништо

Македонија денеска од 15 часот го игра најважниот натпревар на Европското првенство. Македонските фудбалери против Украина ќе одат на се’ или ништо во обид да извојуваат победа која ќе значи отворен пат кон втората фаза од ЕВРО2020. Токму затоа овој натпревар за селекторот Игор Ангеловски е рамен на финале.

– Дојдовме на ЕУРО со цел да се пласираме во втората фаза и таа фаза за нас е активна. Имаме пред нас ривал кој исто така има нула бодови, што значи дека ова за нас е финале. И да не успееме нема да биде трагедија, а нормално дека ќе дадеме се од себе. Украинците се квалитетни, тоа го покажаа и против Холандија. Имаат одлични индивидуалци, но и ние имаме квалитет и покажавме дека можеме да се носиме со сите, изјави Ангеловски.

Без калкулации во натпреварот ќе влезат и Украинците, кои како и македонските фудбалери, беа поразени во првиот натпревар на Европското првенство.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Дневно