Home Актуелно МВР: Истечените пасоши ќе важат до крајот на годината

МВР: Истечените пасоши ќе важат до крајот на годината

0
МВР: Истечените пасоши ќе важат до крајот на годината

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска информираше дека важноста на пасошот, дипломатскиот и службениот пасош, чиј рок на важење е истечен, односно истекува по 31 јули годинава, се продолжува до 31 декември, 2021 година, односно до крајот на годинава. Законот ќе отпочне со примена на 1 јули годинава.

Измената на Законот за патни исправи, како што велат од МВР е направена со цел да им се излезе во пресрет на потребите на голем број наши граѓани, кои, како што додаваат, поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантините и другите отежнати услови биле спречени навремено да ги продолжат своите документи.

  • Министерството за внатрешни работи ги известува државјаните на Република Северна Македонија дека согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 122/2021 на 03.06.2021 кој стапи на сила на 11.06.2021, а ќе отпочне со примена од 01.07.2021, важноста на пасошот, дипломатскиот пасош и службениот пасош, чиј рок на важење е истечен, односно истекува по 31 јули 2020 година, се продолжува до 31 декември 2021 година. Имено, измената на Законот за патни исправи е направена со цел да им се излезе во пресрет на потребите на голем број наши граѓаните кои поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантините и другите отежнати услови, во нашава земја, но и надвор од неа, во дијаспората, беа спречени навремено да ги продолжат своите документи, се вели во соопштението од МВР.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Дневно