Познатата актерка Силвија Стојановска и нејзиниот партнер Воислав Будисављевиќ се осудени на затворски казни за случајот со транспорт на 700 килограми кокаин.
Актерката доби казна затвор од три и пол години, а Будисављевиќ ќе мора да одлежи 7 години во Идризово.
За Стојановска е укината мерката куќен притвор, па така ќе може од слобода да ја чека правосилноста на пресудата.
Нејзиниот партнер останува во притвор. Двајцата се прогласени за виновни во случајот во кој беше запленет кокаин транспортиран од Колумбија во Шпанија.