28 лица заработиле кривични пријави затоа што правеле забава спротивно на здравствените протоколи. Обвинетите, на возраст од 20 и 21 година на 21 мај годинава славеле положување на испит по анатомија во стан на улица Славејко Арсов. Со тоа постапиле спротивно на прописите со кои се определени мерки за спречување на корона вирусот, а со кои се забранува групирање на прослави и други собири заради заштита на здравјето на граѓаните.
Поради тоа надлежниот обвивнител до Кривичниот суд Скопје поднел предлог за парични казни за сите обвинети од по 2.000 евра во денарска противвредност.